Почетна » Убавина и мода » Коса » Послаби и помлади со помош на фризурата

Послаби и помлади со помош на фризурата

Сите знаеме колку фризурата го менува изгледот. Кога таа не е прилагодена на лицето, може да има спротивен ефект од она што сме посакувале да го постигнеме со неа.

Од друга страна, вистинската фризура може да направи да изгледаме послаби и помлади. Еве неколку совети како се постигнува тоа.

Убава косаФризурата на слоеви, со подолги шишки и патец настрана го прават лицето послабо и помладолико.
  1. Направете си посветли прамени. Ако си бојадисате прамени од косата кои ќе бидат посветли во областа на челото, визуелно ќе добиете потенко лице.
  2. Носете ја косата настрана. Никогаш не го поставувајте патецот на косата во средината на главата. Ако патецот ви е настрана, ќе ги сокриете буцкастите обравчиња.
  3. Врзете ја косата повисоко. Така визуелно ќе го издолжите лицето и со тоа ќе сокриете некој килограм. Ако ја врзете поцврсто, вашето лице ќе биде позатегнато, па така ќе замазните и некоја брчка.
  4. Потстрижете си подолги шишки и носете ги настрана. Шишките кои се пократки и во права линија над очите го прават лицето потркалезно.
  5. Коса на слоеви. Кога косата е потстрижана на слоеви, поубаво се истакнува лицето и не добива тркалезна форма која би ве правела буцкасти.
  6. Избегнувајте ја фризурата „боб“.
    Кога целата коса е со еднаква должина, визуелно лицето е потркалезно. Избегнувајте ја популарната фризура „боб“ (стилот со кој се прослави Ријана), затоа што таа ѝ дава на косата обем во областа на лицето, а со тоа вие ќе изгледате побуцкасти.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.