Почетна » Убавина и мода » Коса » 15 интересни факти за косата

15 интересни факти за косата

Долга сјајна коса
Блондинките можат да се пофалат средно со 140 000 влакна.
  1. Секој човек има околу 100 000 влакна на главата. Се разбира, тој број варира. Така, црвенокосите имаат
    90 000, црнокосите 110 000, а блондинките може да се пофалат со 140 000 влакна коса.
  2. Едно влакно од косата може да издржи тежина од 100 грама. Тоа теоретски значи дека целата коса може да ја издржи тежината на 2 слона.
  3. Едно влакно од вашата коса може да открие дали пушите, дали се дрогирате, што јадете и какво е вашето етничко потекло. Различните раси имаат различна структура на влакното на косата.
  4. Со помош на влакно од косата научниците не можат да го откријат вашиот пол.
  5. Косата се состои главно од кератин, од кој зависи и еластичноста на ноктите.
  6. Дебелината на влакното варира од 0.02 до 0.05 милиметри. Потребни се 20 - 50 влакна за да се постигне дебелина од 1 милиметар.
  7. Склоноста кон ќелавост се предава преку гените и на мајката и на таткото.
  8. Строгите диети може да предизвикаат опаѓање на косата.
  9. Косата е на второ место според брзината на растеж на ткивата, веднаш зад коскената срж.
  10. Косата расте 12 сантиметри годишно. Тоа значи дека косата дневно се зголемува за 0.3 милиметри, а месечно за 1 сантиметар.
  11. Косата најбрзо расте од 15-тата до 30-тата година од животот.
  12. Косата расте побрзо во лето отколку во зима.
  13. Косата на Африканците е покрута и расте побавно од косата на Европејците, а косата на Азијците расте најбрзо и има најголема еластичност.
  14. Најверојатно ќе изгубите 55% од вашата коса, пред било кој да забележи дека оќелавувате.
  15. Во границите на нормалата е ако губите 50 - 100 влакна од косата дневно.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10598 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.