Почетна » Семејство » Дете » Што треба, а што не треба да правите за да го мотивирате детето да учи повеќе?

Што треба, а што не треба да правите за да го мотивирате детето да учи повеќе?

Не постои родител кој не посакува детето да му биде одличен ученик. Но, понекогаш е вистински предизвик да се натера детето да учи. Колку и да вложуваат напори, честопати мајките и татковците не успеваат доволно да ги мотивираат децата.

Не се ретки и родителите кои се во недоумица дали треба да применуваат награди, казни и закани, дали треба да се фокусираат на оценките и дали треба да бидат дел од пишувањето на домашните задачи.

Дете

Зошто е толку важна мотивацијата за учење?

Дури и најинтелигентните деца може да имаат слаби оценки ако немаат желба да го учат она што им се предава на училиште.

Родителите и учителите треба да умеат да го направат учењето интересно, за можат да ја зголемат кај детето љубовта кон училиштето и да му помогнат да стигне до успех.

10 начини како да ја зголемите мотивацијата за учење кај детето

  1. Фокусирајте се на она што го учи детето, а не на резултатот. „Животот е патување, не дестинација“. Ако детето е премногу фокусирано на резултатот, а не успее да го достигне, поверојатно е да ја изгуби мотивацијата за учење. Наместо постојано да го прашувате за оценките на училиште, разговарајте со него за она што го научило, за предметот што му побудил интерес, за темите на кои сака да научи нешто повеќе.
  2. Внесете забава во учењето. Создајте забавни картички со азбуката, измислете ваши приказни за планетите, пронајдете игри за учење на броевите, направете експеримент по хемија дома...
  3. Дете
  4. Создајте позитивна атмосфера за учење во вашиот дом. Направете му тивко катче за учење на детето кое ќе биде добро организирано. Никој не сака да учи на биро на кое сè е расфрлано и на кое владее хаос. Заедно со вашето малечко уредете го местото за учење за тоа да знае каде се наоѓа сè што му е потребно, наострете му ги моливите и боичките, поставете му соодветно светло, купете му удобно столче. Малите деца лесно ја губат концентрацијата доколку нешто им го одвлекува вниманието.
  5. Вклучете го во купувањето на школската опрема. Побарајте го неговото мислење и неговите совети. Направете го дел од семејните одлуки и покажете му дека ја цените неговата улога во нив.
  6. Искористете ги неговите интереси и хобија. На пример, ако детето сака да игра кошарка, купете му училиштен прибор со кошаркари, кошаркарски топки и кошеви. Ако детето ја обожава Елза од „Frozen“, купете тетратки и моливи со нејзиниот лик.
  7. Применете го правилото „Откако ќе...“. Децата честопати немаат способност да го планираат времето и да создаваат структура во својот мозок. Помогнете му на вашето дете да си поставува приоритети. На пример речете му: „Откако ќе ги решиш задачите, слободно можеш да одиш кај Петар“, „Откако ќе го напишеш домашното, ќе гледаш цртани филмови“...На овој начин му давате до знаење дека наградите доаѓаат по напорната работа – што е еден вид животна лекција.
  8. Создајте фамилијарна средина во која грешките се прифатливи. Во некои семејства грешките се неприфатливи за родителите, а децата се „тресат“ од страв кога треба да им кажат дека добиле помала оценка од 5-ка. Тие родители не сфаќаат дека грешките се составен дел од процесот на учење. Кажете му на вашето дете дека нема ништо лошо во тоа да згреши и дека и вие правите грешки, но дека учите од нив. Кажете му конкретен пример кога сте згрешиле и што сте научиле. На пример дека во трето одделение не сте знаеле да одговорите на прашањето на учителката затоа што не сте внимавале на часот по математика, но дека следниот час, внимателно сте слушале, сте ги одговориле сите прашања и сте добиле петка. Децата кои се плашат од неуспех многу полесно се обесхрабруваат кога ќе згрешат и наместо да научат од грешките, тие се откажуваат.
  9. Зборувајте и однесувајте се со ентузијазам за неговите интереси, хобија и омилените наставни предмети. Ако тоа сака математика, заедно играјте математички игри, пресметувајте, бројте преку песни...
  10. Дајте му на детето чувство на контрола. Кога едно дете знае дека родителите тотално му го контролираат животот, тоа ќе има ниска мотивација. Детето треба да почувствува дека може да ја обликува својата иднина преку чекорите кои ги презема денес. Дека неговата иднина е негова одговорност и дека неговото образование зависи од него. Дозволете му да прави свои избори, да греши и да учи од грешките.
  11. Проширете го учењето надвор од четирите ѕида. Охрабрете го детето да го истражува светот и да експериментира. Ако гледате дека на детето му е досадно постојано да учи дома, пренесете го учењето надвор. Ако вашето најмило учи за растенијата, одете во природа или засадете растение во вашата градина. Ако ја учи историјата на нашата држава, испланирајте патување до важно историско обележје. Ако сака спорт, носете го на спортски настани. Мозокот сака новитети, а новитетите ќе му помогнат на вашето дете да остане мотивирано.

Што не треба да правите кога се обидувате да го мотивирате детето?

    Дете
  1. Не користете закани и казни. Лутината, фрустрацијата, викањето и казнувањето не се најдобрите начини за мотивирање на детето. Тие можат да ви ги уништат меѓусебните односи и да создадат кај вашето најмило одбивност кон училиштето. Казните може да имаат само моментален ефект, но тие не го решаваат вистинскиот проблем, а тоа е зошто детето не е мотивирано да учи.
  2. Не му плаќајте на детето за добрите оценки! Честопати родителите добронамерно го наградуваат парично успехот на детето. Сепак, оваа практика придонесува детето да учи само за да добие одличен 5, а не за да научи за себе. Плаќањето не го учи детето на одговорност и не му помага да си го зголеми знаењето. Почитта секогаш е поголем мотиватор од контролата. Детето треба да го разбере процесот на учење за да научи, а не за да добие награда.
  3. Не плаќајте за петки, но прославете за нив. Кога вашето дете ќе добие 5-ка, одете на семејна вечера или однесете го на сладолед. Тоа ќе ви биде како еден вид прослава за време на која ќе го наградите детето вербално и ќе му покажете дека го цените неговиот труд. Речете му нешто од типот: „Одлична работа! Знам дека учеше напорно за ова. Се гордеам со тебе“. Кога детето ќе види што може да постигне со трудољубивост, тоа ќе се мотивира повеќе.
  4. Не му го одземајте на детето правото на забава за време на школската година. Покрај учењето, детето треба да има простор за забава и дружење со другарчињата. Потрудете се тоа да ги прави нештата во коишто ужива, организирајќи го соодветно времето. Помогнете му да пронајде баланс.
  5. Не се фокусирајте премногу на негативните нешта, туку истакнете ги позитивните. Наместо постојано да го навредувате детето дека не е заинтересирано или дека игра премногу компјутерски игри, пофалете го затоа што е културно, дружељубиво и желно за знаење.
  6. Никогаш не му велете на вашето дете дека не е доволно добро. Некои родители тоа го прават без да се воопшто свесни. На пример, можеби го споредувате вашето дете со другите соученици или со вас кога сте биле дете. Ова не е добар начин за да го мотивирате. Или пак можеби добронамерно му велите „Знам дека можеш и подобро“, но тоа му испраќа порака на детето дека не е доволно добро.
  7. Не го нервирајте вашето дете. Ако постојано го иритирате вашето дете со коментарите, тоа ќе одбива да го слуша она што вие му го кажувате. Па, дури и да имате драгоцен совет, тој нема да допре до него.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11145 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.