Почетна » Семејство » Дете » Мојата одговорност како мајка

Мојата одговорност како мајка

„Растејќи во средина со екстремно загаден воздух децата неповратно губат околу 5% од капацитетот на нивните бели дробови.“

Дете

Ваква информација прочитав на theguardian.com и како мајка ме загрижи и вознемири. Претпоставувам дека секој родител би се почувствувал така. Си реков морам да гo прочитам целиот текст. Британците, загрижени поради фактот дека сѐ повеќе родители при изборот на училиште, одлуката не ја носат врз основа на курикулумот, туку врз основа на тоа колку е загаден воздухот во околината на училиштето, направиле истражување на оваа тема.

Минатиот месец во Лондон била објавена студијата за тоа како загадувањето на воздухот влијае врз здравјето на децата. Истражувањето било спроведено кај 2.000 деца на школска возраст во урбан и загаден Лондон и резултатите сведочат дека оштетувањата на белите дробови се трајни и резултираат со подложност на респираторни заболувања во текот на целиот живот.

Разбирливо студијата предизвикала сериозни онлајн дискусии особено меѓу родителите кои сѐ повеќе при изборот на школо и место на живеење се одлучуваат за предградијата и населбите, подалеку од центарот, каде воздухот е почист.

Во нашите македонски услови, каде во 21 век сè уште ја живееме миграцијата село – град, навистина е тешко да се размислува за излегување од пренатрупаните скопски населби, од загушеност со асфалт и бетон, а сепак е неопходно. Во разговор со пријатели и родители, чии деца одат во исто училиште и градинка со моите, сите ја истакнуваат потребата да се најде мирен дом подалеку од гужвата и загадениот воздух.

Ветрило

Кој не доживеал да го слуша детето како цела ноќ се мачи да искашла, кој не поминал барем една ноќ во болницата во Козле држејќи го во раце своето дете со воспаление на белите дробови, веројатно и нема да ја разбере одлуката на родителот да се пресели малку подалеку од градските населби. Свесно се носи оваа одлука иако значи дека треба подолго да се вози до работа, сепак децата ќе растат на чист воздух, ќе можат без заштитна маска да излезат надвор и ќе можат да отворат прозорец без да се вклучат сите ламбички на домашниот прочистувач на воздухот, кој стана речиси задолжителен во секој дом.

Оттука почнав да размислувам за преселба и што всушност бараме кога се одлучуваме за купување стан или куќа? Во потрагата по станот кој ќе го претвориме во дом важни нѝ се неколку карактеристики:

  • Секако да биде во рамки на нашиот буџет
  • Да има доволно простор за постојното семејство или/и за децата што допрва ќе дојдат
  • Да е во близина на школо и градинка
  • Да е во сообраќајно добро поврзана населба (најчесто што е можно поблиску до центарот на градот)
  • Да има паркинг

А што е со потребата да има чист воздух, да има паркче во близина, да е тивко, а не од прометната улица да нѐ заморува секојдневна бучава, да е безбедно, да е енергетски ефикасна градба по стандарди за да не трошиме многу за греење и ладење...

Каде на листата на приоритети ни се овие карактеристики на идниот семеен дом?

Ветрило

Се чини проритетите ќе мора да се менуваат, а можеби веќе почнале. Соседите ни се отселија во Сопиште. Дури и официјалните статистики на институциите велат дека од година во година сè повеќе луѓе бараат катче во Сопиште, Соње, Визбегово каде ќе можат да си ги одгледуваат децата на чист воздух, а нема да се откажат од удобностите на современото живеење.

Светски тренд е да се работи во градот, но да се одгледува семејство на село или во предградијата затоа што тоа е единствен начин да се одгледаат здрави и среќни деца, деца што ќе знаат што значи игра на отворено, деца кои ќе пораснат надвор со топка, без страв дека ќе налета на нив забрзан автомобил, и што е најважно, деца кои ќе можат да дишат чист воздух со полни гради.

Ветрило

Моја одговорност како родител е да му обезбедам на моето дете детство во здрава средина, а некои одлуки во животот можат да донесат само позитивна промена.

Затоа одлучив викендов моето семејство да биде дел од настанот на „На шолја чај и чист воздух во Ветрило“. Придружете ни се!

Текстот е препорачан од компанијата Интерсофт

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11070 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.