Почетна » Семејство » Дете » Дебелина кај децата: Ризик фактори

Дебелина кај децата: Ризик фактори

Дебелината кај детската популација е значително зголемена. За експертите оваа проблематика е една од најважните јавно-здравствени проблеми што постојат денес. Причините за зголемување на дебелината кај децата би можеле да ги сумираме во 4 точки:

Дебелина кај децата

Седентарен начин на живот

Студиите спроведени ширум светот сугерираат дека долго време поминато пред екранот кај децата и адолесцентите предизвикало голем број здравствени штети. Ова е значително зголемено за време на пандемијата, а компјутерите и мобилните одзеле од времето за играње на отворено.

Дополнително на ова, експертите додаваат дека нема култура на играње на улица, заради околината, сообраќајот, опасноста, малкуте зелени површини итн. и затоа е изгубен интересот за излегување и играње на отворено.

Сето ова предизвикува седентарен начин на живот уште од најрана возраст и е еден од најважните фактори кои ја фаворизираат дебелината кај децата.

Дебелина кај децата

Недостаток на зеленчук и овошје во исхраната

Се препорачуваа јадење 5 порции овошје и зеленчук на ден. Како за возрасните, така и за децата.

Неопходно е да се зголеми општествената свест за важноста на консумирање на овошје и зеленчук во секојдневната исхрана кај најмалите.

Неконсумирање на разновидна исхрана

Исхраната кај децата мора да биде разновидна според возраста и активноста на детето. Пред сè, неопходно е да се вклучат сите групи на храна.

Дебелина кај децата

Недоволно спиење

Многу важно е да се постигне рутина на спиење кај децата. Децата мора да си легнуваат рано, за да ги отспијат потребните часови според нивна возраст.

Со легнувањето доцна, сонот кај децата ќе се наруши и ќе имаат помалку време наутро, со што се отежнува појадокот во мир и влијае на енергијата во текот на денот. Дебелите деца имаат поголема веројатност да развијат други поврзани болести во зрелата возраст.

За повеќе информации или третман, консултирајте се со тимот педијатри на Жан Митрев Клиника преку закажување термин на 02 3091 484.

Жан Митрев Клиника

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11602 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.