Почетна » Семејство » Дете » 10 предлози за домашни активности со вашите деца кога времето надвор е лошо

10 предлози за домашни активности со вашите деца кога времето надвор е лошо

Дождливите и студени денови во претстојниот период сè почесто ќе нè принудуваат да остануваме дома. Ако сте родител на мали деца, сигурно знаете дека тоа понекогаш може да биде вистински предизвик.

Сепак, времето поминато меѓу четири ѕида, додека надвор врне дожд или вее снег може да биде интересно и исполнето со разни активности кои ќе ја збогатат детската имагинација, а ќе им помогнат на родителите и да се забавуваат и да поминат квалитетно време со нивните малечки.

Во продолжение 20 предлози како можете тмурниот викенд да го претворите во доживување на кое радосно ќе се сеќаваат вашите најмили. Прочитајте активности кои може да ги правите заедно со вашите деца.

Кутија за спомени

Сите имаме работи кои нè потсетуваат на нашето детство, како разгледници од драги личности, плишани играчки, пораки пишувани на ливчиња од детска пошта, ситни подароци кои многу ни значат... Поттикнете ги вашите деца да направат кутија, во која ќе ги собираат спомените за кога ќе пораснат.

Активности за деца Активности за деца Активности за деца Активности за деца Активности за деца

Правете печати со компири или јаболка

Жртвувајте неколку компири од неделниот ручек и претворете ги во печати. Изрезбајте форма во компирот, а потоа користете бои за да ставите печат на хартија. Не се плашете од нередот, препуштете ѝ се на забавата со вашите деца. Може да направите вистински ремек-дела.

Активности за деца Активности за деца Активности за деца Активности за деца Активности за деца Активности за деца Активности за деца Активности за деца

Оригами

Земете хартија во боја и пуштете туторијали за едноставни оригами, кои ќе ги правите со децата. Еве неколку предлози:

Активности за деца Активности за деца Активности за деца

Научете ги да прават палачинки

Децата обожуваат палачинки, па понудете им да ги научите како се прават за подоцна да можат и самите да си ги зготват. Научете ги како да ги превртуваат во воздух, ќе бидат пресреќни кога ќе ја усвојат неверојатната техника. Па така, заедно ќе направите вкусен оброк.

Активности за деца

Тенис со балони

Еве идеја како да ги искористите балоните кои по дома ви имаат останато од роденденските забави. Надувајте ги и дајте им ги децата да ги подаваат со тенис рекети или тепалки за инсекти од едниот до другиот крај на собата. Немате рекети? Создајте ги од хартиени чинии. Не заборавајте навреме да ги тргнете кршливите предмети.

Активности за деца Активности за деца Активности за деца Активности за деца

Изложба со пастелни цртежи

Мотивирајте го вашето дете визуелно да се искаже. Пастелните боички се безбедни за сите возрасти. Децата умеат невообичаено да ги комбинираат боите и фигурите, така што би можеле да добиете ексклузивни уметнички дела со кои ќе ја освежите вратата на фрижидерот, а некои можеби дури и ќе посакате да ги врамите за во дневниот престој.

Кукли од чорапи

Искористете стари чорапи и декорирајте ги како кукли за куклена претстава. Може да си направите големо домашно шоу ако си поделите неколку улоги од приказна која често ја читате.

Активности за деца

Декорирација за моливи и пенкала

Можете да ги искористите картонските ролни од тоалетна хартија, пластичните чаши или да пресечете пластично шише, коешто детето ќе го обои онака како што сака за да добие уникатен организатор за пенкала на неговото работно биро.

Активности за деца Активности за деца

Читајте книга

Дождливите денови се одлична можност децата да вежбаат читање, така што ќе си го збогатат речникот и ќе си ја подобрат брзината на читање. Помалите дечиња можеби ќе научат и нови зборови. Предложете им интересно четиво кое по читањето би можеле да го илустрираат на свој начин или да го драматизираат.

Шарено срце со најлонска кеса

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.