Почетна » Семејство » Бременост » Што најчесто сонуваат трудниците?

Што најчесто сонуваат трудниците?

Соништата на трудниците ги исполнуваат од радосни настани, до кошмарни ситуации кои ја смрзнуваат крвта. Иако сите луѓе сонуваат, поради интензивните емоции кои се резултат на создавањето и носењето на свет на нов живот, бремените жени имаат поживописни соништа.

Промените во поглед на хормоналното ниво предизвикуваат вистинска бура од соништа обоени со најразлични мотиви, а со оглед на фактот што трудниците често имаат испрекинат сон поради болки во грбот, потреба за мокрење или движењето на бебето во стомакот, тие и почесто го помнат она што го сонувале.

Блажената состојба неретко предизвикува неспокојство кое се манифестира преку соништата. Впечатливите и понекогаш бизарни соништа најчесто не се поврзани со реалноста, туку ги одразуваат загриженоста, дилемите и стравовите на идните мајки.

Бремена жена

Ова се само дел од најчестите соништа на трудниците:

  • Губење на бебето. Во првиот триместар ова е можеби најчестиот сон кај трудниците. Лошото искуство или туѓите хорор приказни кои ги слушнале може да ги преокупираат мислите на идните мајки. Потсвеста силно работи и на овој начин го сервира најлошото можно сценарио во текот на бременоста. Од друга страна, мајката станува свесна дека во нејзиното тело функционира нов живот и е подготвена да го заштити.
  • Соништа кои вклучуваат вода. Со оглед на тоа што малото бебенце во стомакот расте опкружено со плодова вода и што телото на трудниците се полни со течност, не е чудно што се многу чести соништата кои вклучуваат вода и водни суштества. Соништата во кои трудниците се прикажани како пливаат во вода означуваат дека тие сакаат да се поврзат со бебето кое го носат во стомакот. Со напредувањето на бременоста, „водните“ соништа може да станат побурни. На пример, сонувањето на огромен бран или давењето во вода може да го симболизира пукањето на водењакот.
  • Вадење на бебето од стомакот и негово повторно враќање внатре. Овој сон е многу чест и вообичаен кај трудниците кои претходно имале непријатно искуство со губење на бебе, односно спонтан абортус, како и кај оние кои имаат високоризична бременост. Сонот ја отсликува грижата за здравјето на бебето. Мајката едноставно сака да провери дали е сè во ред со нејзиното идно дете, а потоа повторно го враќа во стомакот за малечкото да продолжи здраво да расте и да се развива, сè до моментот на породување. Постои уште една симболика која ја крие овој чуден сон кој вклучува излегување на бебето од стомакот – мајката едноставно има желба да си го види своето идно дете.
  • Раѓање на бебе кое веднаш почнува да зборува и оди. Толкувањето на овој интересен сон објаснува дека мајката го доживува своето идно бебе како прилично самостојно и способно да ги совлада пречките уште од мали нозе. Експертите за соништа укажуваат дека ова е сон на емотивно зрела мајка, бидејќи е свесна дека не раѓа само слатко мало бебе, туку човечко битие со свесност и индивидуалност.
  • Раѓање на животно. За дел од жените, грижата за милениче претставува најголемо доближување до улогата на мајка. Раѓањето на животинче наместо бебе се поистоветува со одговорноста со која е преокупирана жената, а акцентот е секако насочен кон грижата за бебето. Овој сон се смета за „пробен тест“ и ги отсликува стравовите на идната мајка, како таа ќе се соочи со предизвикот наречен грижа за новороденчето.
  • Раѓање на близнаци или тројка. Трудниците кои знаат дека носат само едно бебе честопати сонуваат како раѓаат близнаци или тројка. Се смета дека сонот потсвесно го отсликува стравот и загриженоста на трудницата околу предизвикот наречен дете и дека малечкото всушност ќе има многу барања со кои таа нема да може да се справи. Идната мајка чувствува страв дека ќе биде затрупана со многубројни обврски околу бебето (како да има 2 или 3 дечиња) и нема да може да ги совлада.
  • Управување со автобус или камион; зграда во изградба. Управувањето со моторно возило е симбол на тоа како се движите низ животот. Но, ако сте возач на автобус или камион, тоа укажува дека се прилагодувате на новите облини на телото кое брзо се менува. Трудниците често сонуваат и градење на висококатници, што се поврзува со растењето на бебето во утробата.
  • Неверство од страна на партнерот. Поголемиот дел од жените овие соништа ги поистоветуваат со својата интуиција, но експертите советуваат дека нема причина за загриженост. Во текот на бременоста жената е ранлива и сфаќа дека многу повеќе и почесто се ослонува на својот партнер за помош и поддршка. Друг фактор за овој сон може да биде тоа што идната мајка не се чувствува сосема удобно во својата кожа и верува дека не е доволно привлечна за партнерот во својата блажена состојба. Истражувањата покажале дека споделувањето на овој сон со партнерот е добар начин за комуникација, соочување со стравовите и разрешување на дилемите.
  • Соништа за поранешен партнер. Соништата кои вклучуваат смирување со поранешен партнер не се знак дека трудницата всушност го посакува покрај себе. Сепак, сонот сам по себе алудира на неодлучноста и колебливоста која ја чувствува идната мајка за својата нова животна улога и одговорностите кои таа ги носи со себе. Можно е трудницата во одреден момент да се почувствува заробено и потсвесно да го повика минатото, кога сè било полесно и поедноставно.
  • Шетање гола во јавност. Се смета дека овој сон е чест кај идните мајки кои се чувствуваат ранливи и нервозни поради големата промена во животот и навлегувањето во непозната територија која вклучува грижа за кревко суштество. Иако блиските сметаат дека таа е подготвена да се соочи со предизвикот кој следува, идната мајка не е целосно сигурна во тоа.
  • Предвремено породување. Трудниците кои сонуваат дека предвреме го родиле своето бебе всушност рефлектираат потсвесен страв и загриженост дека нема да бидат во можност да го контролираат пораѓањето, односно нема да бидат оние кои ги диктираат условите и околностите. Упатените велат дека овој сон е чест кај жените кои имаат потреба да ги контролираат нештата по секоја цена.
  • Непресечена папочна врвка. Ова е прилично стресен сон, поврзан со анксиозните чувства на идната мајка и нејзините стравови – што доколку нешто тргне погрешно баш во последниот момент, односно за време на породувањето?
  • Одземено или украдено бебе. Губење на контролата и чувство на ранливост и беспомошност е она што се крие во срцевината на овој сон, кој е прилично чест кај трудниците. Идните мајки се преоптоварени со идејата дека и покрај целиот свој труд и послушност кои ги вложиле во текот на бременоста, некој или нешто може да предизвика компликации.
  • Заборавено бебе. Многупати луѓето сонуваат како некаде доцнат или не ги завршуваат работните обврски навреме. Стравот од заборавено бебе во када, во автомобил или пак во трговски центар е чест сон кај трудниците, но еве ја добрата вест: овој сон најчесто го сонуваат оние кои имаат високо ниво на самосвесност и чувство за организација и оние кои ретко нешто забораваат. Можно е да станува збор за нервозно исчекување или за краткотраен напад на паника пред раѓањето на бебето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.