Почетна » Здравје » Совети за здравјето » 12 интересни факти за соништата

12 интересни факти за соништата

Мистичниот свет на соништата отсекогаш го будел нашето љубопитство. Соновите се извор на возбудливи доживувања какви што не може да ни пружи фантазирањето со отворени очи и сосема нормално е човек да сака да го проучува тој таинствен аспект од својот живот.

Сон

Светот на соништата раѓа многу прашања, а преку следниве факти ќе пронајдете одговори на дел од нив:

1. Сите сонуваат

Буквално сите сонуваат, дури и бебињата, но некои луѓе повеќе ги помнат своите сонови, а други редовно ги забораваат.

И животните сонуваат.

2. Секоја ноќ поминуваме околу 2 часа во сонување

Просечниот човек сонува во текот на 20-25% од времето во кое спие. За време на еден просечен животен век, еден човек поминува дури 6 години сонувајќи.

3. Сонуваме 4 до 7 различни соништа во текот на една ноќ

Повеќето луѓе сонуваат од четири до седум различни сонови секоја ноќ, но не ги помнат повеќето од нив. Најмалку 95% од соновите се заборавени. Соновите кои ги помниме најчесто се оние кои сме ги сонувале последни пред да се разбудиме.

Се вели дека 5 минути по будењето забораваме 50% од содржината на сонот, а 10 минути по будењето забораваме дури 90% од она што сме го сонувале.

4. Повеќето сонови траат 5 до 20 минути

Вам може да ви се чини дека цела ноќ сте сонувале еден сон, но веројатно сонот траел само десетина минути.

5. Жените имаат повеќе кошмари од мажите

До 13-годишна возраст момчињата и девојчињата подеднакво сонуваат кошмари. По 13-тата година од животот, кошмарите стануваат почести кај жените отколку кај мажите.

6. Пријатните мириси носат убави соништа, а одвратните мириси – лоши соништа

Мирисот во спалната соба влијае на вашите соништа. Истражувањата покажале дека вдишувањето на пријатна арома (мирис на роза) во текот на спиењето, резултира со попозитивни и послатки соништа, додека вдишувањето на одбивна миризба (мирис на расипано јајце) предизвикува повеќе негативни соништа.

7. За време на бременоста жените сонуваат повеќе

Додека се бремени, жените сонуваат повеќе отколку во кој било друг период од животот. Но, не само што сонуваат повеќе, туку и повеќе ги помнат своите соништа. Експертите тврдат дека ова се случува поради промената во нивоата на хормоните. Покрај тоа, бремените жени имаат потреба да спијат повеќе, па логично е и повеќе да сонуваат.

8. Сексуалните соништа се подеднакво чести кај мажите и кај жените

Иако многумина би рекле поинаку, сепак истражувањата покажуваат дека мажите и жените подеднакво често имаат сонови со сексуална тематика. Според едно истражување, 8% од соновите на возрасните лица вклучуваат секс.

Сепак, содржината на сексуалните сонови на мажите и жените е различна. На пример, сегашните или поранешните партнери присуствуваат во 20% од соновите на жените, а во 16% од соновите на мажите. Жените двојно почесто од мажите имаат сексуални соништа за славни личности, а мажите двојно почесто од жените сонуваат за сексуални односи со повеќе од една партнерка одеднаш.

9. И мажите и жените можат да доживеат оргазам во сон

Влажните соништа се честа појава кај тинејџерите. Оргазмот најчесто се случува додека тинејџерот сонува секс, но може и да не го помни сонот. Ејакулацијата кај тинејџерите може да се случи без мастурбација, т.е. тој не мора ниту да го допре пенисот за да доживее оргазам. Влажен сон може да се појави за време, но и по завршувањето на пубертетот.

Иако жените не ејакулираат, можат да доживеат оргазам во сонот. Жените поретко имаат влажни соништа и често се разбудуваат во моментите пред доживувањето на оргазмот.

10. Луѓето кои се родени слепи немаат визуелни соништа

Иако не сонуваат слики, луѓето кои се родиле слепи имаат соништа кои се базираат на другите нивни сетила, т.е. соништа исполнети со звуци, мириси и допири.

Исто и кај луѓето кои ослепеле во раното детство е голема веројатноста да немаат визуелни соништа. Лицата кои ослепеле подоцна во својот живот, сонуваат визуелно.

11. Најголем дел од луѓето сонуваат во боја

Само 12% од луѓето имаат целосно црно-бели соништа. Интересно е што помладите скоро никогаш не сонуваат црно-бело за разлика од повозрасните, а истражувачите велат дека причината за тоа е модернизирањето на телевизиските екрани, т.е. луѓето кои во детството имале црно-бел телевизор почесто имаат монохромни соништа.

12. Најчестата емоција во соновите е вознемиреност

Повеќето луѓе нема да ги изненади фактот дека во соновите доживуваме повеќе негативни отколку позитивни емоции. Најчеста емоција е вознемиреноста, која се појавува скоро во сите чести сонови, како бегање од некого, паѓање, појавување во јавност во несоодветна облека или без облека, тестирање или полагање на испит и сл.

Други чести емоции се страв, радост и среќа.

Доколку сакате да се позабавувате толкувајќи ги вашите соништа, посетете го нашиот соновник.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.