Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Пица со чоколаден крем и банани

Пица со чоколаден крем и банани

Иако сме навикнати пицата да ја консумираме солена, таа може да биде одличен десерт.

Лесно и брзо можете да направите пица со чоколаден крем и банани за вас, за вашите пријатели или за роденденот на вашето дете и да уживате во уште една поразлична верзија на популарното јадење наречено пица.

Состојки

1полуготово тесто за пица
3 супени лажицичоколаден крем
½банана
5-6ореви
масло за готвење

Инструкции за приготвување

  1. Премачкајте го дното на кружна тава за печење со малку масло за готвење, ставете го тестото за пица и оставете го да се печи околу 3-4 минути на 220°C, односно додека не започне да поруменува. На различните теста им е потребно различно време за печење, па затоа треба да го набљудувате.
  2. Откако ќе го извадите од рерната, додека тестото е жешко, со лажица премачкајте го со чоколадниот крем. Ние употребивме 3 лажици крем, но можете да ставите онолку крем колку што сакате.
  3. Исечкајте ја бананата на тенки кругови, а оревите на мали парчиња. Распоредете ги бананите и поросете ја пицата со исечкани ореви. Сервирајте веднаш.

Чинијата во која ја служите пицата можете да ја украсите со шлаг пена или со чоколаден прелив. За уште поинтересен изглед, пицата можете да ја поросите со шеќер во прав, кокос или изрендано бело чоколадо.

Подготовка на пица со чоколаден крем

Варијации

  • Наместо банани, можете да користите јагоди или јаболка.
  • Наместо ореви, можете да користите други јаткасти плодови како бадеми, лешници, ф’стаци, бразилско оревче.
  • Наместо темен какао крем, можете да користите бел крем. Белиот крем особено добро одговара со јагоди.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9526 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.