Џорџина Родригез им се врати на професионалните ангажмани еден месец по породувањето.
Популарниот модел денеска пристигна во Кан и веднаш го привлече вниманието на фоторепортерите пред култниот хотел „Мартинез“.
Ова е прво нејзино појавување во јавност откако ја донесе на свет ќерката Бела Есмералда и го загуби на породување малиот син.
28-годишната вереница на Кристијано Роналдо беше фотографирана во црн кожен комбинезон, портокалова чанта од Ермес и очила за сонце од Баленсијага.







