Почетна » Новости » Мода » Џорџина Родригез во едиторијал за L’Officiel, сподели како го одржува здравјето

Џорџина Родригез во едиторијал за L’Officiel, сподели како го одржува здравјето

Џорџина Родригез шармира од насловната страница на декемвриското издание на L'Officiel Арабија.

26-годишната девојка на Кристијано Роналдо сними едиторијал за популарното модно списание, а во интервјуто зборуваше за нејзините секојдневни рутини, за нејзината работа и за тоа дека Instagram не е реалност.

Џорџина Родригез Џорџина Родригез

За одржувањето на здравјето, таа вели: „Вежбам кардио, танцувам, ги вежбам моите мускули со тегови, пешачам со моите деца... Само грижата за четири деца е доволна активност за секоја жена. Но, исто така сакам да вежбам како што покажувам на Instagram. Се хранам здраво, но не сум опседната со тоа, одвреме-навреме се разгалувам себеси со слатки задоволства. Пијам доволно течности за да имам добра хидратација и најважното: морате да спиете меѓу 7 и 8 часа на ден. Ова е мојата рутина за да бидам здрава.“

Џорџина Родригез

За нејзината работа, Џорџина открива: „Она што најмногу го сакам во мојата работа е дека не гледам крај, не постои таван, не постојат граници на учењето, секогаш има што да се прави и што да се учи, да се стигне подалеку. Исто како во самиот живот. Желбата да се подобрувам себеси е она што ми дава енергија и мотивација да го правам она што го правам. Над сè, ми помага да се развивам и да бидам подобра личност.“

Џорџина Родригез Џорџина Родригез

За нереалната страна на социјалните мрежи: „Понекогаш чувствувам дека луѓето околу мене ме третираат со предрасуди, но кога ќе ме запознаат велат: ‘Ми се допаѓа каква си, ти си нормална жена, мајка на твоите деца, се грижиш за нив како и секоја мајка, ти си трудољубива, едноставна и смирена’. Луѓето те гледаат на социјалните мрежи, те следат затоа што си славна, гледаат дека носиш луксузен часовник или чанта и имаат погрешна претстава. Една личност не е она што го поседува. Поради тоа, јас секогаш морам да потсетувам дека Instagram не го прикажува реалниот живот. Едно нешто е она што си го замислуваме, а сосема друга е реалноста. Чувствувам голема одговорност што имам многу милиони следбеници на социјалните мрежи. Секогаш се покажувам онаква каква што сум, но не можете да имате целосна слика за некој гледајќи негова фотографија и читајќи мини пораки. Сакам да се покажам себеси додека спортувам, без шминка, со моите деца, бидејќи кога би ги објавувала само најубавите фотографии од модните едиторијали за списанија, би била неодговорна како влијателна личност. Имам повеќе од 20 милиони следбеници на Instagram, најголем дел од кои се млади луѓе. Мораме да ги покажеме сите наши страни за да им ја пренесеме РЕАЛНОСТА на најмладите.“

Џорџина Родригез

Родригез најави нов проект во следните неколку месеци кој е многу личен и специјален за неа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11150 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.