Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џесика Алба е бремена со второ дете

Џесика Алба е бремена со второ дете

Кога пред неколку дена Џесика Алба се појави на доделувањето на БАФТА наградите, никој не можеше да ги тргне очите од неа. Но, никој не можеше да претпостави дека под прекрасната сина тоалета на Версаче, Алба го крие своето стомаче.

Пред два часа, 29-годишната убавица им откри на своите обожаватели на Facebook дека го очекува своето второ дете.

Џесика Алба Џесика Алба

„Хонор ќе стане Голема Сестра! Јас и Кеш сме пресреќни и сакавме да ја споделиме веста директно со вас за да не ја слушнете од друго место. Ја ценам целата љубов и поддршка што ми ја дадовте за време на мојата прва бременост и дефинитивно ќе ја ценам и овој пат. Имајте убав ден!“ – напиша Џесика.

Џесика Алба стапи во брак со Кеш Ворен во мај 2008г., а еден месец подоцна ја роди нивната ќерка Хонор Мари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11051 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.