Џереми Ренер со насолзени очи го даде првото интервју по несреќата со ратрак на Нова година.
Во најавното видео, 52-годишната ѕвезда на Marvel објаснува дека му го спасувал животот на внукот кога бил прегазен од 7-тонската машина за чистење снег и вели дека би го направил тоа повторно.

На прашањето дали се сеќава на болката во моментите кога имал 30 скршени коски на телото, тој вели: „Да, се сеќавам на сè. Бев буден низ сите тие моменти“. Додека ги минувал најтешките мигови, Џереми не можел да зборува, па на знаковен јазик му рекол „Жал ми е“ на неговото семејство.

Ренер е категоричен дека тој избрал да живее и рече: „Нема да ме убиете. Нема шанси“.
И покрај бројните сериозни повреди и неколкуте операции по несреќата, Ренер не ја изгуби смислата за хумор.
„Изгубив многу месо и коски во ова искуство, но сум наполнет и исполнет со љубов и титаниум“ – вели тој во видеото.
Кога водителката Дајен Соер ќе го праша дали го гледа истиот човек во огледалото од претходно, тој ѝ вели:„Не, гледам среќник“.
Целосното интервју со Џереми ќе биде објавено на 6 април.


