Дуа Липа порано го започна славењето на нејзиниот 30-ти роденден.
Атрактивната пејачка не можеше да го дочека 22 август, денот кога е родена, па веќе ги започна роденденските прослави со најблиските. Дуа позираше со тортата на одмор на омилениот остров со вереникот Калум Тарнер, каде блесна во впечатлива креација од францускиот моден дизајнер Симон Порт Жакемус.


Дуа сподели неколку фотографии на Instagram, со опис: „Рани роденденски прослави на мојот омилен остров, со моите омилени луѓе, носејќи го најубавиот фустан кој Симон го направи за мене. Едвај ја чекам 30-ката“.






Покрај атрактивното издание на Липа, вниманието го привлече и нејзиниот вереник, актерот Калум Тарнер, со кого делува поблиска од кога било. Парот ужива во патувањето, а од фотографиите се гледа дека меѓу нив има силна хемија.





Славната музичарка е родена во Лондон, а нејзините родители се од Косово. Тие ја напуштиле Приштина за време на конфликтот и заминале во Велика Британија. Во 2008 година, семејството се доселило во Приштина, каде Дуа научила албански јазик и ја започнала музичката кариера. На 15-годишна возраст таа се вратила во Лондон, а во август 2015 година го објавила првиот сингл „New Love“.





