Почетна » Новости » Актуелно » ФОТО: Нова dm дрогерија во „Symbol Retail Park“ во Струмица

ФОТО: Нова dm дрогерија во „Symbol Retail Park“ во Струмица

Со попуст од -15% на апсолутно сѐ, многу подароци и забавна атмосфера, dm drogerie markt на 14 август ја отвори својата нова дрогерија во „Symbol Retail Park“ на ул. „Братство Единство“ бр. 63 во Струмица!

dm

Во новиот модерно опремен продажен простор со површина од 600 m2, купувачите може да ги пронајдат производите кои ги посакуваат од богатиот асортиман на dm со речиси 13.500 производи, во кој има сѐ на едно место – производи за нега и убавина, производи за нега на мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, па сѐ до производи за хигиена во домот и нега на алишта.

Отворањето, беше проследено со многу подароци: со секоја сметка над 499 денари купувачите добија подарок dmBio алпско млеко, со сметка над 699 денари следуваше подарок торба за пазарување, додека со сметка над 1.999 мкд добија подарок dm пешкир за на плажа.

Освен наведените поволности, во период од 14.8 до 17.8.2025 купувачите во оваа дрогерија можат да пазаруваат со попуст од -15% НА АПСОЛУТНО СЀ, кој се пресметува на каса.

dm

Својот нов деловен успех, dm како општествено одговорна компанија и овој пат го сподели со заедницата во која делува. Така, на денот на отворањето тие врачија донација во износ од 168.000 денари кон ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица.

dm

Од компанијата велат дека се особено среќни што со секоја нова локација се сѐ поблиску до нивните купувачи. Со својата богата понуда на производи се стремат да ги остварат сите желби и потреби на купувачите, а со полна пареа и понатаму ја продолжуваат нивната континуирана експанзија на локалниот пазар!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28354 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.