По несреќата во која беше прегазен од ратрак на Нова година, Џереми Ренер го прослави 52-риот роденден во болница.
Актерот, роден на 7 јануари, сподели фотографија со персоналот кој се грижи за него додека се опоравува од тешките повреди. Тој додаде и кратка порака за да им се заблагодари.
„Му благодарам на прочуениот медицински тим во одделот за интензивна нега што го започна ова патување“ – напиша тој.

Претходно, Ренер сподели видео во кое се гледа како сестра му и мајка му се грижат за него. Слободно може да се каже дека тој не ја изгубил смислата за хумор.
A “not no great” ICU DAY, turned to amazing spa day with my sis and mama. Thank you sooooo much pic.twitter.com/pvu1aWeEXY
— Jeremy Renner (@JeremyRenner) January 5, 2023
Џереми беше прегазен од сопствениот ратрак додека се обидувал да го расчисти патот за да му помогне на роднина да го извлече автомобилот кој му бил заглавен во снегот.


