Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Медицинска сестра од Нови Сад танцува со детенце кое се лекува од рак за да го расположи

ВИДЕО: Медицинска сестра од Нови Сад танцува со детенце кое се лекува од рак за да го расположи

Сладок момент од Одделот за хематологија и онкологија во Детската болница во Нови Сад се рашири на социјалните мрежи.

Во видеото, медицинска сестра танцува со својот пациент кој се лекува од рак за да го развесели и да му даде надеж додека ја води најтешката битка, битката за живот.

Детската болница во Нови Сад

Од НУРДОР (Националното здружение на родители на деца болни од рак) напишаа:

Третманот на малигнитети кај децата трае долго време.

Ова е период кога нашите Суперхерои често се изолирани, далеку од училиштето, пријателите и секојдневието кое го познаваат.

Но, тие не се сами. Тука се нивните семејства, посветените лекари, медицинските сестри, психолозите, едукаторите, волонтерите... и ние од НУРДОР.

Заедно се обидуваме да го исполниме со топлина, игра и смеа секој ден, без разлика колку е предизвикувачки. За болничките соби, барем за момент, да станат места каде што детството не запира.

Денес споделуваме со вас еден таков момент, „џускање“ во Одделот за хематологија и онкологија во Детската болница во Нови Сад.

Еден мал чекор во ритамот на музиката носи насмевка и надеж во собата.

Заедно не дозволуваме насмевката да исчезне!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28304 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.