Мерјем Узерли вчера го прослави 42-риот роденден со „златна“ забава.
Турската актерка, која кај нас се прослави по улогата во „Величенствениот“, блескаше во златен фустан на роденденската прослава со двете ќерки, роднините и пријателите. Со фотографии и порака споделени на Instagram, „Хурем Султан“ им се заблагодари на сите кои одделија време за да ѝ посакаат „Среќен роденден“.
„Многу ви благодарам за сите ваши пораки, повици, видеа, говорни пораки... ми ја стопливте душата. Ви благодарам од дното на моето срце“ – напиша таа.












Мерјем е мајка на две девојчиња - 11-годишната Лара и 4-годишната Лили.

