Почетна » Новости » Актуелно » Летото не завршува на плажа: тајните за нега и долготраен бронзен сјај на кожата

Летото не завршува на плажа: тајните за нега и долготраен бронзен сјај на кожата

Летото е сезоната кога обврските се оставаат на „seen“, часовникот се заборава дома, косата мириса на море и сол, а сонцето и дава блескав сјај на кожата... Деновите се мерат во насмевки, а најважно е – утринското пливање и целодневното разладување во вода, попладневната прошетка под палмите со сладолед, а после вкусната вечера – добра забава! Но, колку и да уживате во златните сончеви зраци, вашата кожа не заборава – секој зрак остава своја трага – а заштитата и негата се најважни за го задржите здравиот сјај.

dm

После долгите топли денови на плажа, на вашата кожа ѝ треба љубовна порака во форма на aftersun нега – кремите и спрејовите на sundance достапни во dm, освен што ве штитат од сонцето со силен СПФ фактор преку целиот ден, тие и ја смируваат, хидрираат и ја чуваат кожата од дехидратација. Покрај sundance лосионите и спрејовите за после сончање, гелот со алое вера брзо ја разладува кожата, брзо се впива, и не остава масни или лепливи траги. Ја штити вашата кожа од сушење, предвремено стареење и секаков тип на други оштетувања. Со правилна рутина и добра хидратација по сончање – кожата ќе добие нежна грижа што ќе ја смири, обнови и ќе го задржи летниот сјај.

А, ако летово календарот ви е преполн, времето за лежење под сонце ограничено, а единствено разладување ви се овошните спреј освежувачи, тоа не значи дека треба да се откажете и од заводливиот бронзен сјај на кожата – искористете го sundance спрејот за потемнување за да добиете совршен тен, распрскајте ја магијата врз кожата и гледајте како за неколку минути добивате рамномерен бронзен тен кој изгледа како да сте се вратиле од егзотичен одмор... И тоа без печење на сонце со часови и без долги солариум сесии.

Вашата кожа го заслужува најдобриот третман – мека прегратка, летна свежина и малку магија за да го задржи бронзениот сјај. Со вистинската рутина по сончање, таа останува свиленкасто мека, блескава и здрава - а вашиот бронзен тен ќе ве потсетува на убавите летни моменти секој пат кога ќе се погледнете во огледало.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28312 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.