Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенуари Џонс е новото заштитно лице на Версаче

Џенуари Џонс е новото заштитно лице на Версаче

Џенуари Џонс официјално е новото лице на познатиот италијански бренд Версаче. Таа веќе учествувала во снимањето на кампањата пролет/лето 2011 која е дело на познатиот фотограф Марио Тестино.

32-годишната актерка од серијата „Mad Men“ се запознала со Донатела Версаче на снимањето на едиторијал за списанието Elle и оттогаш многу се спријателиле. Оваа година Џонс носеше фустан на Версаче на доделувањето на Еми наградите и се најде на првиот ред на шоуто на Версаче во рамките на Миланската недела на модата.

Џенуари ЏонсЏенуари Џонс на доделувањето на Еми наградите во фустан на Версаче Џенуари Џонс и Донатела ВерсачеЏенуари Џонс и Донатела Версаче

Името на Џонс ќе го дополни долгиот список на ѕвезди кои соработувале со Версаче како Бритни Спирс, Кристина Агилера, Хали Бери, Деми Мур и Мадона.

За да може брендот да го користи имиџот на славните ѕвезди, им плаќа и парично и им подарува облека. На пример, на Мадона ѝ биле исплатени 10,5 милиони долари и две години добивала бесплатна облека за нејзиниот придонес во рекламната кампања во 2005г.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10600 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.