Џенифер Лопез и Алекс Родригез се неразделни, па дури и кога вежбаат за да ги одржуваат своите тела во добра физичка форма.
Славниот пар беше виден во спортско издание додека се упатуваше во фитнес сала во Њујорк. 47-годишната пејачка, која обично ја гледаме со долга права коса или со крупни гламурозни локни, за промена покажа природно виткана коса.



Пред неколку дена, Лопез и Родригез заедно се возеа со велосипеди низ Њујорк.


Музичката ѕвезда и 41-годишниот поранешен спортист беа фотографирани додека се упатуваа кон ресторанот „Kappo Masa“.
Џеј Ло привлекуваше погледи во шик комбинација која вклучуваше црни панталони, бела маичка и впечатлива чанта од Кристијан Лобутин.









