Џеј Ло повеќе не сака да го носи презимето Афлек.
55-годишната пејачка побарала од судот да биде избришано презимето на поранешниот партнер Бен Афлек и наместо Џенифер Лин Афлек повторно да биде Џенифер Лин Лопез.

Славната музичарка го зеде презимето на актерот кога направија свадба во јули 2022 година, а подоцна во интервју рече дека тоа е романтично.
„Луѓето сè уште ме викаат Џенифер Лопез, но моето легално име ќе биде госпоѓа Афлек. Ние сме сопруг и сопруга. Се гордеам со тоа, не мислам дека е проблем... Знам дека луѓето имаат свои чувства во врска со тоа, но ако сакате да знаете како се чувствувам јас... јас чувствувам дека тоа е романтично. Тоа носи традиција и романтика за мене и можеби јас сум таков тип на девојка“ – рекла таа.

Џенифер поднесе документи за развод во вторникот, на годишнината од нивната свадба. Претходно, долго време се шпекулираше дека се разделени, но тие ги немаа потврдено ваквите гласини.

Според извори блиски до парот, Лопез се чувствувала понижено кога нејзината втора шанса да биде со Афлек пропаднала, а тој не покажувал интерес да си го поправи бракот.


