Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенифер Лопез: Не раскинавме, се бориме да останеме заедно

Џенифер Лопез: Не раскинавме, се бориме да останеме заедно

Откако целиот свет ја обиколи веста дека Џенифер Лопез и Алекс Родригез се разделија, славната актерка и пејачка го даде првиот коментар за TMZ.

Лопез потврдува дека со Родригез имаат проблеми во врската, но и дека се обидуваат да ги разрешат.

Џенифер Лопез и Алекс Родригез

„Сите вести се неточни. Работиме да надминеме некои нешта“ – рекла таа во кратка изјава.

51-годишната ѕвезда сподели момент од нејзин видео-разговор со ќерката Еми и нејзиниот поранешен сопруг Марк Ентони. На фотографијата, девојчето е во солзи во прегратката на Марк, а Лопез пишува: „Кога се тажни, но мама и тато се таму за нив“.

Џенифер Лопез и Алекс Родригез

Лопез моментално снима филм во Доминиканска Република, додека Алекс е во Мајами, а нејзините деца престојуваат кај нивниот татко.

Наводно, Алекс премногу се зближил со телевизиската актерка Медисон ЛеКрој. По сè посилните шпекулации за нивна афера, таа изјави: „Тој никогаш физички не ја изневери неговата вереница со мене“. Но, исто така, откри пред јавноста дека тие многу често комуницираат преку телефон.

Џенифер Лопез и Алекс Родригез

Џенифер и Алекс се заедно четири години и планираа да стапат во брак, но поради пандемијата, двапати ја одложија венчавката.

Џенифер Лопез и Алекс Родригез Џенифер Лопез и Алекс Родригез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25541 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.