Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенифер Лопез и Алекс Родригез ја раскинале свршувачката

Џенифер Лопез и Алекс Родригез ја раскинале свршувачката

Џенифер Лопез и Алекс Родригез се разделија. Славниот пар сè уште ги нема потврдено гласините, но многу релевантни странски медиуми дознаа од блиски извори дека веќе не се заедно.

Џенифер Лопез и Алекс Родригез Џенифер Лопез и Алекс Родригез

51-годишната актерка и пејачка и 45-годишниот поранешен спортист се свршија на Бахамите во 2019 година, по двегодишна врска. Тие планираа да стапат во брак, но пандемијата со коронавирусот двапати ја одложи реализацијата на свадбата.

Џенифер Лопез и Алекс Родригез Џенифер Лопез и Алекс Родригез

Наводно, причината за разделбата е што Родригез премногу се зближил со Медисон ЛеКрој, но тоа засега е само шпекулација.

Џенифер Лопез и Алекс Родригез

Откако проструија гласини дела Алекс и Медисон се блиски, таа појасни дека нивната врска не била физичка. „Тој никогаш физички не ја изневери неговата вереница со мене“ – рекла таа и истакнала дека само разговараат многу често.

Пред две недели, Лопез и Родригез објавија романтични фотографии од патување во Доминиканска Република, каде таа го снима новиот филм „Shotgun Wedding“, па никој не очекуваше дека им претстои разделба.

Џенифер Лопез и Алекс Родригез Џенифер Лопез и Алекс Родригез Џенифер Лопез и Алекс Родригез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25541 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.