Џенифер Лопез непрекинато докажува дека за неа возраста навистина е само бројка. Иако ги прави првите чекори во шестата деценија од нејзиниот живот, таа изгледа подобро отсекогаш.
51-годишната актерка и пејачка ги „полни батериите“ со егзотичен одмор на Туркс и Кајкос. На папараци фотографиите од тропската плажа, Лопез носи светкави бикини од брендот Triangl и капа од модната куќа Dior.


Костимот за капење откри дека нејзините редовни тренинзи не се залудни и дека даваат завидни резултати.








Џенифер одмара заедно со вереникот Алекс Родригез.

