Џенифер Лопез и Бен Афлек изгледаа блиски и среќни на премиерата на мјузиклот „Kiss Of The Spider Woman“ во Њујорк.
Поранешните брачни партнери, кои се разделија пред повеќе од една година, позираа заедно на црвениот тепих. 56-годишната актерка, којашто ја има главната улога во филмот, носеше уникатна креација од Харис Рид што ѝ ја истакна фигурата на песочен часовник.





За време на својот говор, Афлек, кој е продуцент на филмот, ја нарече поранешната сопруга „неверојатна“.
„Таа работеше неверојатно напорно. Ќе можете да ги видите сите нејзини многубројни таленти. Таа е личност која пораснала гледајќи класични мјузикли“ – рече Афлек, додавајќи дека „во овој филм, таа навистина прави сè!“.




На настанот, Лопез пристигна со своите две деца, Макс и Еми, кои ги има со поранешниот сопруг Марк Антони.







Џенифер и н се запознаа во 2002 година и се верија неколку месеци подоцна. Во 2004 година се разделија, но и покрај разделбата остана добри пријатели. Речиси две децении подоцна, тие ја обновија врската и во јули 2022 година стапија во брак.
За жал, нивниот заеднички живот не траеше долго време и во август минатата година, таа поднесе документи за развод кој беше финализиран во јануари 2025 година.

Трејлер за „Kiss Of The Spider Woman“
