Јелена Ѓоковиќ присуствуваше на ревија на Lacoste, бренд чие заштитно лице е нејзиниот сопруг Новак Ѓоковиќ.
Во Париз, 39-годишната Србинка се појави во светол стајлинг, а најголемо внимание привлече со тоа што не носеше една, туку две чантички од француската модна куќа, тренд што сè почесто се гледа на модните писти и улиците на модните метрополи. Јелена избра кратко плисирано здолниште и сако со беџ во форма на златен крокодил како логото на Lacoste.




„Драга Пелагија Колотурос и тимот на Lacoste, имавте спектакуларна модна ревија во Париз и имав среќа да ја гледам во живо“ – напиша Јелена.
Убавата сопруга на популарниот тенисер позираше и со Ана Винтур и Венус Вилијамс.


