Почетна » Новости » Мода » Дејвид Бекам со децата во првиот ред на ревијата на Викторија во Париз, пораснатата Харпер елегантна во долг фустан

Дејвид Бекам со децата во првиот ред на ревијата на Викторија во Париз, пораснатата Харпер елегантна во долг фустан

Семејството Бекам со стил освојуваше на ревијата на Викторија Бекам, одржана во рамките на Париската модна недела.

Дејвид Бекам со три од своите четири деца од првиот ред ја проследи ревијата на својата сопруга.

Бекам Бекам Бекам Бекам Бекам

Поранешниот фудбалер изгледаше модерно во костум покрај порасната ќерка Харпер и синовите Ромео и Круз. 14-годишната Харпер шармираше во розов долг фустан, 23-годишниот Ромео чекореше покрај неа во кожена јакна, додека 20-годишниот Круз облечен во кошула со точкест принт ја држеше за рака девојката Џеки Апостел.

Харпер доби специјално внимание од татко ѝ, кој држеше чадор над неа, штитејќи ја од дождот и притоа покажувајќи ѝ колку му е важна.

Бекам Бекам Бекам Бекам Бекам Бекам Бекам Бекам Бекам

Сите членови на семејството изгледаа беспрекорно и дотерани адекватно за настанот.

Сепак, отсуството на најголемиот син Бруклин и неговата сопруга Никола не остана незабележано. Тие не присуствуваа на ревијата, со што дополнително се засилија шпекулациите за тензии во семејството.

Бруклин Бекам и Никола Пелц

Дејвид на Instagram напиша колку многу се гордее со својата сакана сопруга.

„Да кажеме дека сме горди на тебе би било потценување, да те гледаме како сето ова повторно го соединуваш на најелегантен, професионален, технички совршен и дисциплиниран начин е навистина неверојатно. Ти и твојот тим треба да сфатите дека ова е нешто посебно... Посебно е затоа што тимот кој го имаш те сака и те обожава, бидејќи го третираш на правилен начин, а тоа се вика лидерство. Честитки уште еднаш, неверојатна си“ – напиша тој.

Бекам Бекам Бекам Бекам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 29454 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.