Меган Маркл неочекувано се појави на Модната недела во Париз, каде присуствуваше на ревијата на Balenciaga на покана на нејзиниот пријател и креативен директор Пјерпаоло Пичоли.
На ревијата во Градот на светлината и љубовта, Меган блескаше во елегантен бел комплет од брендот, надополнет со црни високи потпетици и црна чанта.




Сепак, тоа не беше единствената комбинација на Меган за вечерта. Фотографите ја уловија додека ја напушташе хотелската соба по ревијата во елегантен црн фустан со наметка преку рамото. И повторно стануваше збор за креативно дело на Пичоли за Balenciaga.
Претставниците на Војвотката изјавија дека таа со Пичоли соработувала и претходно и потенцираа: „Вечерта ја одразува кулминацијата на многугодишно уметништво и пријателство, рефлектирано во нејзината поддршка за неговото ново креативно поглавје во Balenciaga“.



