Димитар Ѓоргиев засекогаш ќе го носи својот брат не само во своето срце, туку и на својата рака.
Братот на покојниот тапанар од групата „ДНК“, Ѓорѓи Ѓоргиев, си направи тетоважа со неговиот лик, покажувајќи дека тој секогаш ќе биде со него. Видео од емотивната тетоважа сподели артистот Борче Тошески, кој е заслужен за истата.
„Почивај во мир златно детенце. Ти благодарам за довербата Димитар“ – напиша Боки.
На тетоважата не само што го има ликот на Ѓорѓи, туку се содржи и насловот на песната „Животе брате“ која ДНК ја снимија во 2024 година. Во позадина стојат буквите DNK.



Ѓорги трагично почина на 16 март 2025 година додека настапуваше во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Димитар има споделено дека тие уште од мали биле многу блиски. Неодамна, тој започна кампањата за собирање 30.000 евра за подигнување на споменик во Струмица за брат му и останатите жртви во пожарот.

