За Кораима Торес годините се само обична бројка.
52-годишната актерка од Венецуела, која кај нас се прослави со улогата на Касандра во истоимената теленовела, го покажа мускулестото тело во бикини и доби бројни комплименти.



На последниот септемвриски ден, Кораима сподели албум со фотографии на кои позира во бикини и напиша:
МОЕТО ТЕЛО, она коешто го сакам и го прифаќам.
Ниту слаба, ниту дебела, ниту стара, ниту млада, ниту оперирана, ниту дрогирана, ниту анорексична, ниту булимична, ниту со комплекси, ниту грда, ниту убава, ниту болна, ниту сосема здрава, ниту сигурна во себе, ниту несигурна во себе!
ЈАС
Жива сум! Живеам!
И на кого му се допаѓа, супер, а на кого не, исто така.
Чао септември
Ве сакам










Кораима е мајка на едно дете, синот Ману Нико Монтеро, од бракот со поранешниот сопруг Николас Монтеро со кого се разведоа во 2022 година. Тие беа заедно 25 години.

Популарната Венецуелка ја посети Македонија во 1998 година и беше пречекана од огромна толпа луѓе.

