Почетна » Новости » Занимливости » Мајка постави Гинисов рекорд за најбрзо трчање по лего коцки на 100 метри плус тоа боса

Мајка постави Гинисов рекорд за најбрзо трчање по лего коцки на 100 метри плус тоа боса

Ако некогаш сте згазнале на лего коцка, сигурно знаете за каква болка станува збор. Сега замислете да трчате по нив боси цели 100 метри.

Габриел Вол од Нов Зеланд очигледно има „железни стапала“. Како мајка на две деца, таа несомнено има стапнато на повеќе од една коцка за играње, но сега успеа да ги надмине сите очекувања и постави нов Гинисов рекорд за најбрзо истрчани 100 метри боса по лего коцки, со време од 24.75 секунди.

Габриел Вол

Настанот се одржал во Крајстчерч на 16 јануари 2025 година, а за да се создаде стазата биле искористени 300 килограми лего коцки, донирани од организацијата Imagination Station, која користи лего во образовните детски програми.

Габриел Вол Габриел Вол Габриел Вол

„Горда сум што се предизвикав себеси до нови граници“ – изјавила Габриел по поставувањето на рекордот.

Габриел Вол Габриел Вол
@guinnessworldrecords

Fastest 100 m barefoot on LEGO® bricks ️ 24.75 seconds by Gabrielle Wall

♬ original sound - Guinness World Records

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 29408 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.