Октомври е месец на пресврти и длабоки промени. Се движиме низ период кога полната месечина во огнениот Овен го разгорува внатрешниот пламен и нè тера да преземеме храбри чекори, додека младата месечина во шармантната Вага отвора врати за нови сојузи, љубовни почетоци и обновени односи.
Директното движење на Плутон во Водолија ја враќа моќта на трансформацијата, па време е да ги оставиме зад себе стравовите. Ретроградното движење на Нептун во Риби нè потсетува дека интуицијата и соништата ќе ни бидат најверен водич низ магливите моменти.
Сонцето и Меркур, преминувајќи од Вага во Шкорпија, носат продлабочување на разговорите, страстни признанија и одлуки што не се одразуваат само на површината, туку одат до самата срж на нашите желби. Кон крајот на месецот, кога Меркур ќе премине во огнениот Стрелец, ќе почувствуваме огромни дози на слобода, оптимизам и храброст да ги кажеме работите директно, без задршка.
Најсреќни во октомври ќе бидат ВАГИТЕ и ШКОРПИИТЕ.
Датум | Случување |
6 октомври | ☿ Меркур влегува во Шкорпија |
7 октомври | ☽ Настапува полна месечина во Овен |
13 октомври | ♀ Венера влегува во Вага |
14 октомври | ♇ Плутон преминува во директно движење во Водолија |
21 октомври | ☽ Настапува млада месечина во Вага |
22 октомври | ♆ Нептун со ретроградно движење влегува во Риби |
23 октомври | ☉ Сонцето влегува во Шкорпија |
29 октомври | ☿ Меркур влегува во Стрелец |
Табела: најважните датуми за месец октомври и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: