Почетна » Новости » Актуелно » Мелани, една од најтешко повредените жртви во пожарот во Кочани, си замина дома по 6 месеци лекување

Мелани, една од најтешко повредените жртви во пожарот во Кочани, си замина дома по 6 месеци лекување

По повеќе од шест месеци интензивно лекување и неизвесни денови, Мелани Тасева, една од најтешко повредените жртви во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, си замина дома.

Убавата вест дека 18-годишната девојка се избори за својот живот ја споделија од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во којашто таа се лекувала откако претходно била хоспитализирана и во „Жан Митрев Клиник“ и на Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград.

Мелани Тасева

„Горди сме што нашиот тим, заедно со Мелани, по 139 дена низ лавиринтите на секојдневните кризи, се избори таа да ја добие најзначајната битка и конечно да се врати дома“ – стои во објавата на болницата.

Нејзините родители се пресреќни што нивната ќерка конечно ќе се врати дома.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 29376 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.