Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ноне Неделковска наполни 39 години: „Имам посетено 75 земји, сонувам да истражам повеќе со мојата половина и со свои деца“

Ноне Неделковска наполни 39 години: „Имам посетено 75 земји, сонувам да истражам повеќе со мојата половина и со свои деца“

Ноне Неделковска имаше специјален повод за славење.

Поранешната македонска пејачка наполни 39 години и сподели фотографии и видеа од своите авантури низ светот. Во текстот за роденденот, Ноне откри дека досега има посетено 75 земји преку патувањата како пејачка и работата на брод.

Ноне Неделковска Ноне Неделковска Ноне Неделковска

Пејачката, која во втората сезона од „Музички идол“ го освои второто место, си посака во иднина да истражи и повеќе делови од светот, но со партнер и деца покрај себе.

Еве го нејзиниот текст, заедно со фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи:

39 денес. Бев благословена да посетам 75 земји, најпрво преку мојата музичка кариера, а потоа и преку работата на крузери – најдобрата одлука во мојот живот!

Светот ми даде многу повеќе од глетки – ми подари лекции, перспективи и љубов кон луѓето насекаде. Ниту една фотографија или видео не можат да ги доловат емоциите кои ги имав додека го гледав сето тоа со моите очи.

Патувањето ме трансформираше, го оформи мојот поглед кон животот и ме направи подобра личност. Преостанатите делови од светот сонувам да ги истражам заедно со мојата посилна половина и, ако е Божја волја, со мои деца.

Наздравувам за авантурите зад мене и за оние коишто допрва доаѓаат.

Ноне Неделковска Ноне Неделковска Ноне Неделковска Ноне Неделковска Ноне Неделковска Ноне Неделковска Ноне Неделковска Ноне Неделковска Ноне Неделковска Ноне Неделковска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 29293 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.