Последното модно ремек-дело на Џорџо Армани беше прикажано на Миланската недела на модата недели по неговата смрт.
Бројни личности од модниот свет и од светот на шоу-бизнисот се собраа во галеријата „Пинакотека Брера“ за да му оддадат почит и да се збогуваат со легендарниот италијански дизајнер кој почина на почетокот од месецов. Армани ги поминал последните месеци од својот живот креирајќи ги моделите и осмислувајќи ги деталите за оваа ревија повод 50-годишнината од постоењето на модната куќа, без да претпостави дека тоа ќе се претвори во негова комеморација.
Иако Армани физички не беше присутен на ревијата, неговиот дух го исполни секој агол од просторот.




Голем број славни личности пристигнаа во галеријата за да му оддадат почит на модниот волшебник.
Ричард Гир беше придружуван од сопругата Алехандра Силва. 81-годишната актерка Лорен Хатон, која Армани ја нарекуваше негова оригинална муза, исто така беше меѓу присутните. Како долгогодишен бренд амбасадор на Армани, Кејт Бланчет исто така се појави на ревијата, на која се дружеше и со актерите Глен Клоус и Семјуел Л. Џексон, како и со поранешната уредничка на „Вог“, Ана Винтур.












Еве дел од моделите прикажани на ревијата, креирани од Армани пред неговата смрт:
































