Почетна » Новости » Актуелно » Скрозјас приказна: Поликарп Арсеновски – Возењето мотор ми дава слобода и чувство на авантура кое е уникатно

Скрозјас приказна: Поликарп Арсеновски – Возењето мотор ми дава слобода и чувство на авантура кое е уникатно

Поликарп Арсеновски има специфично име, но и уникатна лична и професионална патека. Откога ја заокружува 20-годишната кариера на водење на мултинационални компании, се враќа во Скопје и одлучува својата експертиза за организациски редизајн на компании и развој на човечки капитал да ја пренесе дома, заедно со неговиот тим, преку компанијата АПОД (About people and organizational design).

И покрај предизвиците кои ги носи градењето на сопствен бизнис, бројните обврски кои го ограничуваат слободното време, тој секогаш наоѓа време за својата страст, моторот. Некогаш тоа се далечни дестинации, како Route 66 во САД, Gross Glockner, Австрија, Chamonix-Mont-Blanc Франција, Hatta mountains Дубаи, a некогаш, преку Дебар до Охрид и живописната Галичица или раскошот на Осоговските предели.

Поликарп Арсеновски

„Ја обожавам мојата работа, комуникацијата со клиенти, можноста да запознавам различни профили на луѓе и да придонесам во нивниот кариерен и професионален развој и да сум поддршка во водењето бизнис во вака предизвикувачки времиња... Но, потребно ми е да го променам и пејзажот, а и ритамот. Времето за мене, е време поминато во возење мотор. Тој ми ја дава слободата, можноста за авантура, пружа единствена шанса да бидам сам со своите мисли во неоткриени предели и да ги чувствувам живи сите сетила.

Отсекогаш сум сметал и сум бил поборник дека животот треба да се живее со полни гради, да се следи сонот и сопствените желби. Да се биде свој, и да се прави тоа што го сакаш, без оглед што околината ти наметнува, ти сугерира... Па така, и покрај предрасудите кои постојат за моторџиите, негативната слика за нив, јас од возење мотор никогаш нема да се откажам. Да облечам фармерки, црна кожна јакна и кацига, да се качам на две тркала и да патувам на далечни дестинации, тоа е мојот избор, и начин да се биде свој и автентичен.

Некој за моторџиите мисли дека се груби момци, надвор од законот, а јас велам дека бајкерството е братство, бајкерите се прекрасни, хумани, лојални луѓе секогаш спремни да помогнат и имаат единствен адут, имаат машина со која може да побегнат од секојдневната рутина. Тие им пркосат на стереотипите и нормите, затоа што знаат дека животот е патување и го уживаат на две тркала.“

Поликарп Арсеновски

Не е храброст да бидеш совршен-туку да бидеш свој. Токму иницијативата #СкрозЈас е враќање кон своето јас, кон автентичноста, кон она што отсекогаш сме биле, пред некој друг да ни каже какви треба да бидеме, и што треба да правиме! Тоа е повик да се ослободиме од туѓите очекувања, да ги прифатиме своите желби, стравови и страсти, и да чекориме во животот со сопствен ритам. Да бидеме храбри, искрени и вистински – да го живееме секој миг.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 29292 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.