Почетна » Новости » Занимливости » Сара се омажи во Охрид во венчаницата на мајка ѝ од пред 32 години

Сара се омажи во Охрид во венчаницата на мајка ѝ од пред 32 години

Невеста од Македонија на свадбата ја носеше венчаницата на мајка си стара 32 години и вели дека тоа е најголемиот подарок кој можела да го добие.

Сара Коцевска за најубавиот ден од својот живот реши да не купува нов, скап невестински фустан, туку да му подари втор живот на оној што пред три децении го носела нејзината мајка на свадбата со татко ѝ.

Сара Коцевска Сара Коцевска Сара Коцевска Сара Коцевска

Коцевска е ко-основач на платформата „Yes for less“, која им помага на жителите на Македонија да живеат поодржливо и да се поврзат со екосвесна публика. Појаснувајќи ја својата одлука, таа напиша:

„Ми се исполни една од желбите - на мојата свадба да го носам фустанот на мајка ми од свадбата со татко ми. Кога ќе наумам нешто - наумено е, ништо не ме запира. А секогаш кога соработувам со Ирина Тошева, ѝ верувам во целост бидејќи сите мои идеи ги претвора во реалност“.

Сара објави и видеото кое го документира целиот процес, како и најубавите моменти од свадбата.

Со помош на дизајнерката за одржлива мода Ирина Тошева, од еден фустан беа создадени два - елегантен долг и лежерен краток фустан.

Долгиот фустан, на кој е задржан везениот горен дел, а кој е дополнет со ново здолниште, Сара го носеше на денот на венчавката.

Краткиот фустан, кој е сошиен целосно од долниот дел на оригиналната венчаница, таа го облече ден потоа за романтичната прошетка низ Охрид.

Сара Коцевска Сара Коцевска

„За мене најскапата облека е онаа која го носи со себе сентименталното значење и поврзаноста со некого. Затоа овие два фустани се многу повеќе од само две парчиња облека. Тие се најголемиот подарок и наследство кое некогаш сум го добила од мајка ми“ – откри Сара.

Сара Коцевска Сара Коцевска Сара Коцевска Сара Коцевска Сара Коцевска Сара Коцевска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 29244 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.