Почетна » Новости » Актуелно » КАМ е најпрепознатливa бренд-компанија и со најголема доверба меѓу граѓаните

КАМ е најпрепознатливa бренд-компанија и со најголема доверба меѓу граѓаните

КАМ е најпрепознатливиот македонски бренд и компанија во која граѓаните имаат најголема доверба меѓу 200 најголеми домашни претпријатија формирани по осамостојувањето на Македонија, покажа новото истражување на агенцијата „Инсајдер ИД“.

Анализата е реализирана за потребите на КАМ со цел да се истражи пазарот со објективни параметри кои осигуруваат транспарентност и релевантност на резултатите. Податоците уште еднаш ја потврдуваат силата на КАМ кој во текот на изминатите 30 години изгради висока лојалност меѓу потрошувачите, доверба во квалитетот, како и препознатлива стратегија базирана на најдобар однос помеѓу цена и квалитет.

КАМ

Истражувањето се заснова на прецизна методологија и опфати компании со доминантно домашно сопствеништво (над 51 отсто), имаат повеќе од 50 вработени, се дел од 200 најголеми претпријатија во државата според приход и формирани се или започнале со работа по осамостојувањето на Македонија.

Од КАМ истакнуваат дека фактот дека се на врвот на листите за најпрепознатлив бренд и компанија на која граѓаните најмногу ѝ веруваат, е потврда за нивната конзистентност.

- Со огромна благодарност и гордост ја примивме веста дека КАМ е брендот во кој граѓаните имаат најголема доверба. Токму тоа признание е најголемата потврда дека нашата посветеност и одговорен пристап се препознаени од потрошувачите. Довербата е најголемата награда за компанијата и мотив да продолжиме да вложуваме во нови технологии, да ја унапредуваме понудата и да создадаваме уште поголема вредност за граѓаните- велат од менаџерскиот тим на КАМ.

КАМ веќе 8 години по ред ја носи титулата „Префериран ланец на маркети“ според истражувањата на „Инсајдер ИД“. Во циклусот за 2024/25 година, дури 72 отсто од испитаниците ги избираат маркетите на КАМ како своја примарна дестинација за купување.

Компанијата годинава одбележува 30 години од постоењето под мотото „Секогаш прв избор“. Денес, КАМ има развиена мрежа од 86 маркети во Македонија и 26 во Бугарија, со постојана тенденција на раст и унапредување.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30426 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.