Елена Ристеска одушеви на концертот „Летај Галебе“ посветен на творештвото на легендарниот композитор Кире Костов.
На музичкиот настан во Националната опера и балет, познатата пејачка ја отпеа незаборавната „Кога те нема“, оригинално изведена од Хелена Благне на „Макфест“.
39-годишната ѕвезда блескаше со вокалот и пленеше во модерна комбинација со костум и вратоврска. Најзабележителна во стајлингот беше промената на бојата на косата. Имено, Елена експериментираше со руса коса, веројатно во чест на Благне.
Фото: Благоја Цоканов / Femina.mk
