Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Актерка со српско потекло беше критикувана што ја дои ќеркичката до 6 години, сега ја сподели причината

Актерка со српско потекло беше критикувана што ја дои ќеркичката до 6 години, сега ја сподели причината

Коко Остин отворено зборуваше за одлуката да ја дои ќеркичката Шанел до 6-годишна возраст и покрај критиките кои секојдневно ги добиваше онлајн.

46-годишната актерка и модел, која има српско потекло, објасни дека доењето не било прашање на исхрана, туку на емоционална поврзаност со ќеркичката, која сега има 9 години. Во гостување во подкастот „Dumb Blonde“, Коко рече:

„Не ја доев затоа што ѝ требаше оброк. Таа веќе на една година јадеше цврста храна. Тоа беше повеќе заради блискоста... Само сакаше да биде до мене. Мојот став беше дека ќе престане кога таа сака да престане.“

Коко Остин

Според Остин во некои европски земји е сосема нормално мајките да ги дојат своите деца до 7-годишна возраст и дека „Американците го сметаат тоа за нешто чудно“.

Коко Остин

Иако призна дека шест години е „навистина долг период“, таа вели дека одлучила да го следи природниот ритам на своето дете и да престане со доењето тогаш кога Шанел самата ќе биде подготвена.

„Сигурно нема на 16 години да биде на мојата града. Едноставно ќе сфати дека тоа е чудно и ќе престане. И така се случи кога имаше 6 години“ – изјави таа.

Коко Остин Коко Остин

Нејзината одлука често беше критикувана на социјалните мрежи, но Остин останува уверена дека го направила најдоброто за своето дете.

„Зошто да ѝ го одземам тоа ако ѝ носи утеха? Кога таа ќе одлучи дека е готово, тогаш ќе престанеме“ – вели Коко.

Коко Остин Коко Остин

Светската здравствена организација препорачува доење најмалку до две години или подолго, заедно со воведување цврста храна по шестиот месец.

Коко Остин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30369 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.