Најблиските на жртвите во пожарот во „Пулс“ никогаш нема да се помират со нивната смрт и непрекинато се сеќаваат на нив со трогателни пораки.
Ана Стоименова е сестра на Спире, кој на 26 години го изгуби животот во трагедијата во Кочани. На денот на неговиот роденден, таа испрати кон небото 27 сини балони и напиша трогателна порака:
„Среќен роденден во рајот брат. Оваа годна можам да ти подарам само 27 балони“ – стои во описот на видеото.
Ана сподели и две фотографии на кои се прегрнува со Спире и напиша:
„Светот мој минус тебе во него она што ќе остане, МАЛКУ Е! Свети денеска како што светеше и тука, твој ден е. Роденден. Те сакам, Бато!“.
Мајката на Спире, Манта, е дел од секој „Марш на ангелите“ и повикува на правда за жртвите.
