Почетна » Новости » Актуелно » Сопругата на Андреј од ДНК со страотно видео од „Пулс“ и неодолива снимка со него и ќеркичката повикува на „Марш на ангелите“

Сопругата на Андреј од ДНК со страотно видео од „Пулс“ и неодолива снимка со него и ќеркичката повикува на „Марш на ангелите“

Наталија Ѓорѓиеска, со видеа кои не оставаат простор за рамнодушност, повикува на поддршка на 30-тиот „Марш на ангелите“.

Ужалената сопруга на прерано починатиот Андреј од ДНК сподели видео од кобната ноќ од дискотеката „Пулс“. На компилацијата од снимки се гледа како публиката се забавува со популарниот бенд, а по избувнувањето на пожарот, присутните се обидуваат да избегаат од огнените јазици.

Наталија насолзи многу очи и со кратко видео на кое Андреј е на жичара со ќеркичката Јана. Тој ѝ вели „Мавни ѝ на мама“, слаткото девојче плашливо коментира „Многу е страшно“, а тој низ насмевка ја теши „Не е страшно“.

Андреј и Јана Андреј и Јана

Првата снимка оригинално е објавена од Здружението на граѓани „16ти Март 2025 Кочани“, кое апелира сите да им се придружат на родителите на жртвите на мирниот собир за правично судење.

„Да чекориме со љубов, со болка и со достоинство во име на оние што повеќе не можат да чекорат“ – се вели во нивниот повик.

30-тиот „Марш на ангелите“ ќе се одржи на 15 ноември (сабота) од 12:05 часот на плоштад Македонија.

Марш на ангелите

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30341 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.