Викторија Лоба измами многу погледи и доби бројни комплименти за изгледот на галата на Бизнис Лидер во Скопје.
37-годишната пејачка се појави облечена во бел долг фустан со бисери и наметка од пердуви. Стајлингот на македонската музичарка е дело на модниот бренд MITROFF.
„Благодарна сум до небо што гласот ми стана пат. Пат што секогаш ме враќа кон себеси. Сцена, светла и луѓе со визија на Бизнис Лидер Гала. Ми беше чест! Облечена во MITROFF Swan dress“ – напиша Лоба во описот на албумот со фотографии кои ги сподели на својот Instagram профил.
Викторија сподели и видео од изведбата на „Кога те нема“ од Хелена Благне, песна која ја напиша Кире Костов.
На галата на Бизнис Лидер беа наградени најдобрите најдобрите од македонскиот деловен свет.
