Џасмин Тукс се породи.
34-годишната манекенка објави дека го роди своето второ дете само 13 дена по ревијата на Victoria’s Secret, на која дефилираше во деветтиот месец од бременоста. Џасмин ги сподели првите фотографии од новородениот син Матео и го откри денот на неговото раѓање.
Ова е второ дете за Џасмин и нејзиниот сопруг Хуан Давид Бореро. Двојката веќе ја има 2-годишната ќерка Миа Викторија, која се роди во февруари 2023 година.
„Најголемиот благослов. Матео Ира Бореро. 10.28.25“ – напиша таа.
@jastookes Our hearts are growing with so much love. Mateo Ira Borrero, 10.28.25
♬ original sound - Mark
Џасмин оваа година го отвори модното шоу на Victoria’s Secret облечена во златен, мрежест костим и ангелски крилја во препознатливиот стил на модниот бренд.
