Почетна » Новости » Актуелно » Ивана Кацаров за втората бременост: „Имам уплав од породувањето, синот ќе биде мамина маза – како Миро“

Ивана Кацаров за втората бременост: „Имам уплав од породувањето, синот ќе биде мамина маза – како Миро“

Ивана Кацаров ги брои последните денови од втората бременост. Имено, сопругата на познатиот македонскиот водител Миро Кацаров наскоро на свет ќе го донесе нивното прво заедничко дете, синот за кого веќе го избраа името Тадеј.

Поранешната репрезентативка во одбојка и горда мајка на ќерката Миа, за Фемина искрено зборува за бременоста, стравовите и радоста пред големиот момент.

Кацаров Кацаров

„Остана уште многу кратко, што би кажале постарите – ‘броиме ситно’. Како поминува времето, е сѐ потешко, Тадеј е веќе големо бебе, има скоро 4 килограми и сите обврски ми се отежнати“ – раскажува таа со насмевка и возбуда.

36-годишната трудница признава дека оваа бременост ѝ е нешто потешка од првата, делумно поради годините, но и поради постојаната исцрпеност. „Цело време сум поспана и без апетит“ – открива, додавајќи низ смеа дека праските ѝ биле „најголема слабост“:

„Миро многу често знаев да го праќам по праски – додека им беше сезона, ги јадев по еден килограм дневно.“

Кацаров Кацаров

Иако зад нејзината спортска дисциплина се крие силна жена, искрено признава дека и понатаму чувствува страв од породувањето.

Уплав имам од породувањето. Секоја вечер имам лоши соништа.
Ивана

„Најискрено да ви кажам, не да се плашам – уплав имам од породувањето. Секоја вечер имам лоши соништа како бегам од болница. Првиот пат кога одиш на породување, не знаеш што те чека и си препуштена на судбината и докторите, а вториот пат е сосема друга приказна. Како влегов во деветти месец, така не престанав да му зборувам на Миро за стравот кој го чувствувам, и често тој знае да ми каже: ‘Господ е голем, тој ќе те чува и тебе и бебето’.“

Како личност која сака сѐ да биде подготвено на време, таа и Миро уште пред неколку месеци започнале со пазарување за бебето, а прво купиле количка.

Највозбудена за доаѓањето на Тадеј е, секако, Миа, која годинава тргна во прво одделение:

„Миа е најнестрплива. Секој ден ми го бакнува стомакот, редовно го црта братчето како се шетаат за рака и подготвува книги од кои ќе му ги чита за Тадеј мирно да си спиел.“

Кацаров Кацаров

Тетовчанката, која потекнува од спортско семејство, верува дека и нејзиниот син ќе биде поенергичен и потемпераментен од сестра му:

„Очекувам Тадеј да биде потемпераментно дете од Миа, бидејќи уште во стомак нема одмор за него. Активен е 24/7, а познавајќи го Миро каква мамина маза е, не очекувам ништо помалку ни од Тадеј.“

Името за бебето го избрале одамна и зад него стои симболика и семејна приказна:

Името Тадеј симболизира храбро срце
Ивана

„Ова име го имавме избрано уште пред да останам бремена – за машко беше Тадеј (по дедо му Трајче, ама на модерен начин), а за девојче Касија. Инаку името Тадеј симболизира храбро срце.“

Кацаров

Поранешната спортистка, која денес работи како советник за клиенти во „Флекс Кредит“, за својот сопруг има само зборови исполнети со љубов и почит:

„Јас го гледам Миро како супер-татко на Тадеј, посветен во целост за секоја работа поврзана со него. Миро е личност која си го сака домот и фамилијата и тие му се пред сѐ во животот, па затоа сум сигурна дека ќе ми помага не само околу Тадеј, туку и околу сите други обврски што нè очекуваат како четиричлено семејство.“

Кацаров

За неа, мајчинството е најголемата животна школа – мешавина од радост, страв, учење и саможртва, но и нешто многу подлабоко:

„Тоа е длабока врска, чувство на безусловна љубов, грижа и посветеност.“

Иако е нежна и трпелива мајка, признава дека ѝ е тешко да биде строга:

„Треба да бидам строга, но не можам – не ми е таков карактерот. Знам кај треба да се поправам кога попуштам, знам каде грешам кога купувам и знам каде давам повеќе отколку што треба.“

А кога зборува за иднината на своите деца, желбата ѝ е едноставна, но голема:

„Сакам да бидат и ги гледам како луѓе што ќе ги почитуваат традиционалните и фамилијарни вредности, луѓе кои утре нема да зависат од никого и кои ќе се наметнат интелектуално во нашето општество.“

Кацаров

Со искреноста и позитивната енергија, на само неколку мигови пред запознавањето на своето второ дете, Ивана покажува дека мајчинството е повеќе од животна улога – тоа е сила, љубов и бескрајна посветеност што ја прави секоја жена хероина во своето секојдневие.

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30351 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.