Бред Пит и Инес де Рамос беа дел од гостите на премиерата на „Jay Kelly“, во кој главната улога ја има нивниот пријател Џорџ Клуни.
На настанот во Лос Анџелес, 61-годишниот актер привлече големо внимание појавувајќи се во целосно зелен стајлинг покрај девојката Инес де Рамос, која е речиси 30 години помлада од него.
32-годишната Инес избра поелегантен стајлинг кој вклучуваше тесен бежов фустан и складна чанта.
Бред искрено го прегрна својот пријател Џорџ за да му честита за одличната глума во новото филмско дело.
На настанот беа присутни голем број славни личности.
Бред и Инес за првпат заедно се појавија на свеченост во септември минатата година по 2-годишна врска.
Ова е првата посериозна врска на Пит по разводот од Анџелина Џоли во 2016 година.
