Тринаесет години откако за првпат зачекори на црвениот тепих на „Браќа Манаки“, Катарина Ивановска се врати на популарната манифестација во Битола.
Македонската убавица се појави на свеченото затворање на Фестивалот на филмската камера во модерна комбинација во есенски нијанси. 37-годишниот модел шармираше во елегантни панталони тип ѕвонарки и проѕирен елегантен топ како наметка.







Ивановска ја придружуваше популарната стилистка Милена Танаскоска, која избра бел фустан со елегантни црни обувки и чантичка со животински принт.

Катарина во 2012 година со Сашко Коцев присуствуваше на „Браќа Манаки“ на премиерата нивниот заеднички филм „Трето полувреме“.

Mакедонскиот филм „Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски вечерва го затвори Фестивалот кој се одржува во чест на Јанаки и Милтон Манаки.
Фото: Ивона Кочов, Александар Василевски / Femina.mk