Ејза Гонзалес и Григор Димитров привлекоа големо внимание со појавувањето на ревијата на Prada во Милано.
Новиот славен пар изгледаше модерно во координиран стајлинг од италијанската модна куќа. 35-годишната актерка носеше кафеаво здолниште со должина до колената и бела горна тренерка со тегет детали, додека 34-годишниот бугарски тенисер изгледаше атрактивно во модна комбинација со кожена јакна.







Пред неколку месеци, Ејза отворено зборуваше за своите почетоци и за моментот кога на 14-годишна возраст водителите на емисија ја нарекле „грда“ и „дебела“.
„Гледачите со нетрпение го очекуваа појавувањето на овој лик и јас излегов на сцена, испеав песна, што и да беше. Имав 14 години. Следното утро, гледам мексиканска верзија на емисијата ‘Today’, каде што требаше да зборуваат за тоа. Помислив: ‘О, Боже, навистина се случува, ова е лудо’. Го правам тоа што отсекогаш сум го посакувала. И излегуваат водителите, имаа 40-50 години, и велат: ‘Уф, колку е грда. Колку е дебела. Можеа да земат кого било, зошто баш неа?’ О, Боже, тоа беше толку шокантно. Седев таму, засрамена од самата себе. Дури и сега кога зборувам за тоа, ми навираат солзи“ – изјави таа во подкастот „Dinner’s On Me“.


По таа емисија, Ејза сподели дека станала дете кое си го изгубило идентитетот и кое било нељубезно кон своето тело, бидејќи не се чувствувала „доволно добра“. За среќа, имала прекрасна мајка која ѝ покажала дека треба да се сака себеси и бескрајно ја поддржувала.

Григор и Ејза за првпат заедно се појавија на свеченост во мај оваа година.


