• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Српскиот принц Александар се ожени со докторка која блесна во венчаница од Pronovias

24 септември 2025, 11:01
  • cподели

Српското кралско семејство објави радосна вест.

Принцот Александар, најмладиот син на принцот Александар Караѓорѓевиќ, се ожени со својата свршеница, докторката Весна (родена Јелиќ). Со ова, таа официјално станува дел од династијата Караѓорѓевиќ и ја добива титулата Н.В. Принцеза др. Весна од Србија.

Новата српска принцеза блескаше од среќа облечена во венчаница од Pronovias.

Принцот Александар Принцот Александар Принцот Александар Принцот Александар

Како што се наведува во официјалното соопштение на Кралскиот дом, венчавката се одржала на 20 септември во местото Виљаманрике, во близина на Севиља, Шпанија, а присуствувале најблиските пријатели и членови на семејството.

„Целиот Кралски дом е исполнет со среќа, бидејќи мојот син и мојата снаа се венчаа и започнаа едно од најважните поглавја во животот, она во коешто „ние“ станува поважно од „јас“, во коешто сфаќаме дека сè е полесно и поубаво кога се споделува со животниот сопатник. Тогаш секоја радост е поголема, а секоја тешкотија е полесна“ – стои во изјавата на Караѓорѓевиќ.

Принцот Александар Принцот Александар Принцот Александар Принцот Александар Принцот Александар Принцот Александар Принцот Александар Принцот Александар

Чинот на црковното венчавање го извршиле епископот топлички Петар и протојереј-ставрофор Душан Ердељ. Изборот на локацијата не бил случаен. Токму на тоа место се венчале и родителите на младоженецот, а таму се крстени и тој и неговиот брат-близнак, принцот наследник Филип.

Кумови на венчавката биле братот на младоженецот, принцот Филип, и братот на невестата, Александар Јелиќ.

Принцот Александар Принцот Александар Принцот Александар Принцот Александар Принцот Александар Принцот Александар

Од семејството информираа дека не е организирана голема свеченост поради тековните чувствителни општествени околности во Србија, но дека прослава во земјата ќе се одржи во иднина.

Принцот Александар Принцот Александар Принцот Александар

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.